Свет

„X5 ритеил“ е најуспешен е-трговец во Русија

19 фев 2021

„X5 ритеил“ се покажа како најпопуларен е-трговец во Русија за време на пандемијата. Минатата година компанијата генерираше речиси 22 милијарди рубли (245 милиони евра) промет преку интернет-каналот.

Од вкупниот промет, групацијата реализира 170 милиони евра преку е-хипермаркетот vprok.ru и 75 милиони евра преку е-продавниците на „Питерочка“ и „Перекресток“. Во 2020 година гурпацијата „X5 ритеил“ ја зголеми интернет-продажбата за 347 проценти.

Воодушевени сме од забележителниот пораст во текот на минатата година и убедени сме дека одиме во вистинската насока, изјави генералниот директор Игор Шехтерман, коментирајќи ги остварените 7,9 милиони испораки.

„X5 ритеил“ ги нуди услугите на е-трговија во 21 руски регион.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Произведено вино Ковид - 19

01 мар 2021

Британските купувачи се насочуваат онлајн

01 мар 2021

„Барила“ го купи „Катели“ за 107 милиони евра

01 мар 2021

Чешка: Продавниците првенствено ќе продаваат домашна храна

01 мар 2021

„Даглас“ ќе затвора продавници

01 мар 2021

ПЛМА: Силните партнерства се најважни

01 мар 2021
Вчитува уште новости...