Луксузниот производител на чоколада „Годива“, кој е присутен со специјализирани продавници низ целиот свет, ќе се повлече од северноамериканскиот пазар.
Белгискиот чоколаден бренд ќе затвори 128 продавници, од кои 11 во Канада. Последните продавници во Северна Америка ќе бидат затворени на крајот од март годинава. Не е познато колку луѓе ќе ги изгубат работните места како резултат на тој потег. Од седиштето на компанијата, која од 2007 година е во турска сопственост, соопштуваат дека ќе останат продавниците во Европа, на Блискиот Исток и во Кина.
Чоколадата Godiva и понатаму ќе бидат достапни за потрошувачите од САД и од Канада, но само на полиците на трговците, каде што ќе го зголемиме присуството. Ги задржуваме врвниот квалитет, вкусот и иновативноста по кои нашите производи се познати од 1926 година, изјави извршната директорка Нуртач Африди.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.