Свет

„Амазон“ гради ново седиште вредно 2,5 милијарди долари

04 Feb 2021

„Амазон“ ќе гради зграда вредна 2,5 милијарди долари, што ќе биде ново седиште на онлајн гигантот. Станува збор за облакодер кој треба да биде висок 105 метри и ќе изгледа како спирала.

Моментално се градат амфитеатар и пазар во близина на зградата наречена ПенПлас, каде земјоделците ќе ги продаваат своите производи. 22-катната зграда ќе биде изградена во округот Арлингтон, Вирџинија. Комплексот е дизајниран од студиото NBBJ, и ќе биде препознатлив по зелените површини. Дрвјата не само што ќе бидат околу облакодерот, туку и на самиот облакодер.

Главниот архитект и директор на NBB Дејл Алберда, рече дека тие секогаш се обидуваат да го поврзат човекот со природата, но дека најмногу успеале во овој објект.

Како што рече, новото седиште на „Амазон“ ќе ги симболизира природата и науката. На располагање има 2,5 хектари јавен простор, чија содржина ќе вклучува, покрај зелените површини и амфитеатар со 250 места, и уметнички инсталации.

Граѓаните ќе можат да посетат и еден од рестораните. Алберда верува дека посетителите воопшто нема да имаат чувство дека се во просторот на „Амазон“. Според него, тој простор нема да биде технолошки кампус, туку она што се нарекува „соседство“. Работниците ќе можат да стигнат до центарот на Вашингтон со метро за 15 минути.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...