Свет

Џеф Безос се повлекува од врвот на „Амазон“

03 Feb 2021

Џеф Безос ќе ја напушти оваа врвна позиција во компанијата што ја основа пред скоро 30 години.

Неговата позиција ќе ја заземе Енди Џеси, сегашен директор на веб-сервисот на „Амазон“.

Со 196 милијарди, Безос беше до неодамна најбогатата личност во светот, но на таа позиција на почетокот на месецот го престигна Илон Маск, директорот на Тесла и Спејс Икс. Најавата за промена на позицијата доаѓа откако компанијата за прв пат објави трета последователна рекордна добивка, но и квартална продажба од над 100 милијарди.

Неговиот наследник, Енди Џеси му се приклучи на „Амазон“ во 1997 година. Според податоците од веб-страницата на „Амазон“, тој студирал на „Харвард“ и го основал “Амазон веб-сервис“, кој прерасна во платформа што ја користат милиони, вклучувајќи ги „Нетфликс“, „Епл“ и американската ЦИА. Оваа промена ќе се случи во втората половина на 2021 година, а Безос потоа ќе биде извршен претседател на „Амазон“.

Безос ја основаше „Амазон“ од гаражата во 1994 година, платформа што започна како онлајн книжарница, но со текот на годините се претвора во услуга што продава скоро сè. Во процесот на изградба на „Амазон“ во гигант за продажба преку интернет, Безос стана еден од најбогатите луѓе во светот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...