Од седиштето на малопродажниот синџир „Алберт Хеин“ најавија дека во иднина планираат уште повеќе да се фокусираат на дигитализацијата на бизнисот, со што ќе ги следат стапките на „Амазон“ и другите големи компании.
Извршната директорка Марит ван Егмонд (на фотографијата) вели: Не знам зошто по секоја цена мора да инсистираме на физичката продажба. Погледнете колку луѓе работат од дома, како банкарските услуги се одвиваат преку интернет.
Таа е убедена дека фискалните каси веќе се или наскоро ќе бидат минато, а тоа најдобро го документира фактот што поголемиот дел од плаќањата во голема мера се вршат преку интернет – бројката надминува дури и повеќе од 60%. Зголемувањето на тој начин на плаќање беше забрзано и со пандемијата.
Мобилната апликација Albert Heijn секоја на неделно ниво ја користат 1,8 милиони корисници, додека на почетокот на 2019 година имала само 200.000 корисници.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.