Свет

Pepsi ќе лансира Cocoa Cola

24 Dec 2020

Производителот на безалкохолниот бренд Pepsi го најави лансирањето на лимитирана серија нов газиран пијалак, инспириран од вкусот на топло какао со маршмелоу, под називот Cocoa Cola (какао-кола).

Најавата на новиот пијалак почна со твит, во кој Pepsi ги праша фановите: Што е послатко од тоа да ѝ кажеш „чао“ на најлошата година досега?, при што одговорот гласеше – новата Cocoa Cola. Pepsi потоа побара од фановите 2.021 ретвита, доколку тие би сакале да го пробаат новиот пијалак.

По добивањето на повеќе од 2.021 твита (6.300), компанијата објави дека наскоро ќе ја лансира првата серија од пијалакот, веројатно на почетокот од новата 2021 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...