Американската компанија за онлајн трговија „Амазон“ ќе им исплати еднократни празнични бонуси од по300 долари за вработените што пакуваат и испорачуваат пратки. по соочувањето со синдикални критики за укинувањето на дополнителниот надоместок за работа во ризични околности поради пандемијата на Ковид-19.
Компанијата соопшти дека на вработените со полно работно време ќе им исплати бонуси до 300 долари, а на хонорарците по 150 долари, доколку работат за гигантот во тек на цел декември.
Вкупно, „Амазон“ ќе потроши повеќе од 500 милиони американски долари на еднократни бонуси за своите вработени во САД, кои работат во првите редови во време на сезоната на празници, а среде пандемијата на Ковид-19.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.