Свет

Австрија: „Хофер“, „Лидл“ и „Шпар“ се обединија против државата

19 ное 2020

Трговските синџири „Шпар“, „Хофер“ и „Лидл“, кои се најголеми играчи на австрискиот пазар, не сакаат да ги затворат своите оддели за непрехранбени производи, како што наложија новите мерки на Владата на Австрија со цел да се спречи ширењето на вирусот. 

Мерките стапија на сила на почетокот на неделава. Австријците се соочуваат со речиси целосно затворање на јавниот живот до 7 декември, поради големиот број заразени во земјата. Една од владините одлуки е затворање на сите продавници освен прехранбените, дрогериите и аптеките. Дозволена е работата на продавници за медицинска опрема. сточна храна, бензински пумпи, банки пошти како и работилници за поправка на автомобили. Новото работно време на продавниците е од 6 часот до 19 часот. 

 „Шпар“, „Хофер“ и „Лидл“, кои заземаат најголем дел од австриската трговија на мало, најавија дека не сакаат да ја следат оваа одредба. Според нив, ограничувањата се спротивни на Уставот и законите. Во заедничка изјава соопштија дека и законски ги верификувале своите ставови. Како што наведоа, Министерството за здравство може, во согласност со австриските закони, да нареди затворање на продавниците, но не може да наметнува ограничувања за снабдувањето на отворените продавници. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Амазон“ почна да продава лекови на рецепт

13 ное 2020

„Данон“ го реорганизира работењето

13 ное 2020

Француските трговци го одложуваат „црн петок“

13 ное 2020

„7 Елевен“ влегува на пазарот во Изреал

13 ное 2020

„Унилевер“ очекува милијарда евра од продажба на алтернативни месни производи

13 ное 2020

„Нестле Пурина“ лансира амбалажа за повторно користење

13 ное 2020
Вчитува уште новости...