„Теско“, најголемиот британски трговски синџир, ќе вработи дури 11.000 работници на определено време во очи на сезоната на празници во декември за да успеат да ја завршат работата во најпрометниот месец во годината.
Секоја година пред декември, „Теско“ ангажира привремени работници, кои првенствено се задолжени за пакување на производите нарачани преку интернет и за дополна на полиците.
Бараме луѓе кои сакаат да работат во групи и се подготвени да им помогнат на клиентите, соопштија од „Теско“.
По завршувањето на празниците, привремено вработените работници имаат можност да конкурираат за постојан работен однос. ПОвеќе информации за вработувањата, „Теско“ објави на својата интернет-страница.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.