Во петокот беше поставен камен-темелник на фабриката за преработка на овошје и зеленчук на „Подравка“, во близина на Мостар.
На периферијата на Мостарско Блато, поле сместено меѓу Мостар и Широки Бриег, веќе неколку години се одгледуваат домати, кои ги откупува компанијата „Подравка“. Засега се одгледуваат околу 300 тони домати, а веќе следната година, кога би требало фабриката да биде изградена, се очекува род од околу 10.000 тони од овој зеленчук.
Марин Пуцар, директор на „Подравка“, порача дека годинава се пресадени 1,2 милиони стебла домати во областа Мостарско Блато. Следната година очекуваме да произведеме 10.000 тони домати, кои потоа ќе ги извезуваме во повеќе од 60 земји. На тој начин ќе им обезбедиме приходи и работа на луѓето овде, констатира тој.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.