Поради големиот број купувачи кои за време на пандемијата не можеа да добијат одговор за купување и испорака на нарачаната стока, како и поради други дополнителни проблеми при интернет-купувањето, „Шпар“ – Словенија го претстави решението Spar Basic Online.
Купувачите кои пазареле на интернет-страницата на овој трговец се пожалиле дека не се во можност да нарачаат производи, „Шпар“-Словенија реагираше брзо со новата услуга. Во рамките на оваа услуга на потрошувачите на располагање им се 250 производи кои најчесто и секојдневно се користат.
Купувачите мора прво да изберат во кој малопродажен објект сакаат да ги преземат нарачаните производи, а потоа да изберат и време за преземање. Во избраниот период и место, купувачите ги преземаат производите на означена каса или на одредено продажно место. Засега услугата е достапна на 12 локации на „Интершпар“ во Љубљана.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.