Досега „Шпар“ – Хрватска оствари соработка со нови 60 земјоделски производители, кои поради вонредната состојба, повеќе не можат да ги продаваат своите производи на пазарите.
Во првите неколку денови, трговецот од малите производители откупи марула, пакувани домати, праз, блитва, магдонос, спанаќ, кромид и рукола.
Ја прошируваме соработката и со голем број од досегашните хрватски доставувачи. Најголемиот дел од нивните производи се продаваат под приватната марка Vrtovi Hrvatske, порачуваат од компанијата.
Од „Шпар“ апелираат до малите производители на овошје и на зеленчук, кои не можат да ги пласираат производите на пазар, да се јават во централите на компанијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.