Во 2019 година компанијата „Дон дон“ оствари приходи во висина од вкупно 35 милиони евра, а износот на консолидираните приходи изнесува 108 милиони евра, што е за 13% повеќе од 2018 година.
Големиот пораст на приходите е резултат на претходните вложувања во производствените капацитети и ширење на продажната мрежа, а во план е и понатамошен пораст годинава.
Минатата година беше година на големи инвестиции во Словенија и во регионот. Во 2019 година во Словенија е завршен погонот за производство на крофни, а во Србија автоматизираната линија за сомуни.
Минатата година, покрај споменатите инвестиции, инвестиравме во купување нови пекарници во Заечар, Кралево и Нови Сад. Целокупната вредност на инвестициите во 2019 година изнесуваше околу 12 милиони евра, соопштија од компанијата.
За 2020 година се планирани вложувања во дополнителни капацитети, а вкупните вложувања треба да достигнат околу 15 милиони евра.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.