Во Косово од денеска почнува да се применува неодамна усвоениот амандман на Законот за заштита на потрошувачите, според кој маркетите се должни покрај производите кои се продаваат да стават знаменце на државата на потекло.
Веста ја објави лидерот на Социјалдемократската партија (ПСД) и градоначалник на Приштина, Шпенд Ахмети. Тој на својот профил на Фејсбук објави и фотографии од рафтови во супермаркет, на кои се гледа дека оваа уредба веќе почнала да се спроведува.
По многу инсистирање на шефот на пратеничката група на ПСД Дардан Сејдиу, започна примената на амандманот на Законот за заштита на потрошувачите, со кој секој маркет се задолжува покрај секој производ да постави и знаменце на државата на потекло. Во иднина граѓаните нема да имаат потреба на секој производ да ги читаат декларациите и да ги препознаваат кодовите. Лесно е да се види кој производ е од соседните држави, а кој е домашен производ, напиша Ахмети.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.