Регион

„Имлек“ со донација за децата без родители

03 Sep 2018
Во пресрет на новата учебна година, „Имлек" ги израдува децата на возраст од прво до осмо одделение од Прифатилиштето за деца и од Центарот за заштита на доенчиња, деца и млади.
 
Сите ученици без родителска грижа на територијата на Белград добија подарок, ранци со тетратки Moja kravica, моливи и млечни производи. 
 
Марија Маловиќ, регионална менаџерка за односи со јавност на комапнијата „Имлек" на учениците им посака среќни училишни денови. 
 
Сакавме на децата да им го разубавиме почетокот на новата учебна година, како што тоа го правиме години наназад. Подароците Moja kravica се во рацете на деца на кои секој подарок многу им значи. Оваа донација е само една од многуте со кои „Имлек" им дава поддршка на најмладите сакајќи да им обезбеди сигурно опкружување и здраво растење, изјави Маловиќ. 
 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...