„Велпро" дава силен придонес за јакнење на положбата на домашните производители, на хрватскиот пазар.
Хрватскиот трговски синџир за големопродажба „Велпро" потпиша договор за соработка со Сојузот на малите трговци за меѓусебно нудење на трговски, логистички и маркетиншки услуги, преку заедничко поставување и остварување на целите.
Во Сојузот членуваат вкупно 262 мали трговци кои споделуваат заеднички интереси на пазарот, покривајќи 13 жупании.
Со новиот договор, „Велпро" повторно покажува дека е ценет и доверлив деловен партнер во обезбедување широк асортиман на стоки и услуги во големопродажбата. Интензивниот процес на реорганизација, низ кој минувавме изминатата година, нè подготви на сите предизвици на хрватскиот пазар, а особено сме фокусирани на тоа да им помогнеме на малите трговци во секојдневното работење и заеднички да ја унапредиме и зајакнеме нивната пазарна положба, изјави Марко Малиќ, директор на секторот за продажба, „Велпро".
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.