Регион

Црна Гора: Пораст на откупот на млеко

20 Feb 2025

Вкупната количина на откупено кравјо млеко во четвртиот квартал од минатата година изнесува 6,81 милиони литри, што е за 1,5 отсто повеќе во однос на истиот период во 2023 година.

„Монстат“ изјави дека просечната содржина на млечни масти во четвртиот квартал од минатата година паднала за 8,3 отсто во однос на четвртиот квартал од 2023 година, додека содржината на протеини се зголемила за еден отсто.

Во четвртиот квартал од минатата година, во однос на истиот квартал од 2023 година, зголемување е забележано кај производството кајмак за 12,9 отсто, сирење за 5,3 отсто, павлака за 0,5 отсто и други млечни производи за 88,9 отсто, се наведува во соопштението.

Пад е забележан кај производството на млеко за пиење за 28,4 отсто и ферментирани млечни производи за 8,2 отсто.

 

 

Извор: Biznis.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...