Регион

Словенија: Отворен е реновираниот хипермаркет на „Шпар“ во Радовљица

03 Dec 2024

Со донација од 3.000 евра на три организации, „Шпар“ го одбележи отворањето на својот реновиран хипермаркет во Радовљица.

Донацијата беше поделена помеѓу Центарот за обука, работа и заштита „Матевжа Лангус Радовљица“, доброволната противпожарна бригада „Радовљица“ и Здружението за спасување на планината „Радовљица“, додека потрошувачите со гласање одлучуваа за индивидуалните износи на донации.

Најмногу гласови купувачите дале на Доброволното противпожарно друштво - Радовљица, кое со донацијата од 1.500 евра ќе набави ново противпожарно возило за транспорт на екипажот. Следува Здружението за спасување на планина Радовљица, кое добиените 1.000 евра ќе ги искористи за набавка на заштитно-техничка опрема за специјализанти и нови спасувачи, како и за набавка на опрема за спасување. Донација вредна 500 евра е доделена на Центарот за обука, работа и заштита „Матевжа Лангус Радовљица“, кој донацијата ќе ја искористи за набавка на возило за превоз на лица во инвалидски колички.

Реновираниот хипермаркет во Радовљица на купувачите им нуди поголем продажен простор со акцент на свежите производи, кој вклучува производи од словенечки производители. На потрошувачите на располагање им е и одделот „Хитротек“, како и четири брзи каси.

За време на реновирањето, компанијата водела сметка и за одржливоста, бидејќи продавницата може да се пофали со штедливо ЛЕД осветлување, затворени фрижидери и машина „Томра“ за собирање на повратни пакувања.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Шпар“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...