Регион

Словенија: „Групо Бимбо“ ја презема „Дон Дон“

11 Nov 2024

Словенечката групација „Дон Дон“, соопшти дека ќе стане дел од „Групо Бимбо“ од Мексико, при што „Дон Дон“ ќе го води развојот и продажбата на мексичката компанија во Средна и Јужна Европа.

Вредноста на трансакцијата не е објавена, а пред аквизицијата компаниите ќе мора во следните месеци да исполнат одредени услови.

Како што соопштуваат од „Дон Дон“, оваа аквизиција ќе ѝ ја зајакне регионалната присутност и ќе продолжи со технолошките инвестиции во своите фабрики, со градењето стратешки партнерства и аквизиции на клучните пазари. 

Преку „Групо Бимбо“ пекарските производи на „Дон Дон“ ќе добијат единствена можност за промоција на светските пазари, соопштуваат од „Дон Дон“.

Групацијата „Дон Дон“ работи во Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Романија, а исто така извезува производи во Косово, Македонија, Грција и Словачка.

„Групо Бимбо“ е присутна во 35 држава во Северна и Јужна Америка, Европа, Азија и Африка. Управува со речиси 230 производни погоди и со над 1.500 продажни центри.

Извор:Instore.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...