Регион

Словенија: „Меркатор“ планира затворање на своите продавници за техника

22 Oct 2024

Според наводите на локалните медиуми, трговскиот синџир „Меркатор“, планира да да затвори голем број од своите продавници за техника во Словенија.

Како што пренесува „Сиола“ неофицијално биле затворени продавниците во Храстник, Лендава, Метлица, Мурска Субота, Стари трг, Тржица и Жечезница.

Компанијата не ја потврдила ниту ја демантирала оваа вест за затворање на продавниците, наведувајќи дека во следниот период ќе работи на промена на деловната стратегија и моделите на овие продавници.

Со потенцијалните партнери, вклучувајќи ги и локалните, бараме решение за нова содржива во овие објекти, соопштуваат од компанијата, од каде што нагласуваат дека не можат да ги коментираат идните деловни одлуки и дека никој од вработените нема да го изгуби работното место.

Извор: Siol

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...