Регион

БиХ; „Сараевски кисељак“ со поддршка за младите уметници

09 Oct 2024

Со доделување на награди и потпишување на договори во просториите на „Сараевски кисељак“, компанијата го одбележа крајот на конкурсот „Поддржи уметност, покрени култура“.

Добитниците на наградите од областа на сликарството, книжевноста, театарот и музика, кои своите трудови ги претставија на платформата на конкурсот доаѓаат од сите краеви на Босна и Херцеговина.

Наградите во вредност од 4.000 конвертибилни марки  ги освоија проектите: скулптура Галатеа, Амор Фати за музика, Зад маската за драмски уметности и Мили Дуели за книжевност. Вкупниот фонд на награди за сите четири области изнесуваше 16.000 конвертибилни марки.

Имаме чест и задоволство што првенствено имавме можност лично да ги запознаеме овие прекрасни талентирани млади луѓе чии проекти навистина го пленат вниманието. Среќни сме што можеме да бидеме дел од реализацијата на толку интересни и значајни проекти за да им бидеме подостапни на целата публика. Нашата платформа и во иднина ќе остане активна како место каде што се собираат голем број на млади таленти од сите краеви на Босна и Херцеговина. Ќе се трудиме да го инспирираме натамошниот развој на уметничките проекти затоа што сме свесни дека културата и уметноста имаат многу важна улога за развојот на општеството и за зачувување на културното наследство, изјави Стипе Беванда, директор на „Сараевски кисељак“.

Извор: Instore.rs

Фото: „Сараевски кисељак“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...