Компанијата „Лидл“ – Србија како дел од својата долгорочна стратегија „РЕсет пластик“ ја намали употребата на пластика во амбалажата на флашираната вода од трговската марка Saguaro за околу 30%.
На тој начин со оптимизација на амбалажата на флаширана вода, компанијата планира да ја намали употребата на пластика за 275 тони на годишно ниво. Редукцијата на пластика е само една од мерките со кои компанијата доследно ќе ја покажува општествената одговорност како еден од основите столбови на нејзиното работење.
„Лилд“ ги презема клучните чекори кон намалување на употребата на пластика и со тоа непрекинато поставува стандарди во одговорното работење. Преку стратегијата „РЕсет пластик“, компанијата зацрна неколку клучни цели: намалување на пластиката во асортиманот на приватните трговски марки за 30%, зголемување на уделот на рециклираната пластика за 25%, постигнување на максимална рециклибилност на пластиката во целокупниот асортиман.
За постигнување на споменатите цели, „Лидл“ соработува со своите добавувачи, подобрувајќи ја и оптимизирајќи ја пластичната амбалажа на производите. Компанијата ја намалува количината на пластика што се користи додека одржува постојан квалитет и тежина на производот. Посебен фокус беше ставен на производите со најголема потрошувачка на пластика, како што е флаширана вода од брендовите Saguaro и Saguaro Edition. Намалувањето на пластиката ги опфати сите формати на овие производи, од 0,5 л. до 1,5 л., вклучувајќи различни вкусови. Меѓу производите со намалено количество пластика во амбалажата се: минерална негазирана вода Saguaro, минерална газирана вода Saguaro, Saguaro Edition и др.
Многу сме горди што успеавме да ја оптимизираме и редуцираме количината на пластика во амбалажата на флашираната вода Saguaro за околу 30%. Преку намалување на употребата на пластика, „Лидл“ активно ќе придонесе кон создавањето на здрава и чиста иднина за сегашноста и за иднината, изјави Александра Мириќ, претставничка на одделот за социјална и општествена одговорност во „Лидл“ – Србија.
Од компанијата додаваат дека сите производи кои се со оптимизирана амбалажа ја носат ознаката „Подобро и помало – одговорно пакување“, јасно укажувајќи им на потрошувачите дека компанијата „Лидл“ е посветена на зачувување на ресурсите и на намалувањето на пластичниот отпад.
Извор: Instore.rs
Фото: „Лидл“ - Србија
Извор: InStore.rs
Фото: „Лидл“ - Србија
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.