„Шпар“ – Словенија во текот на октомври, кој е месец за подигање на свеста за ракот на дојка, ќе ја поддржи кампањата на здружението „Еуропа дона Словенија“, која има за цел да ги поттикне жените на редовни месечни самопрегледи.
Од компанијата истакнуваат дека многу од жените за жал не го прават овој чекор, меѓутоа редовно ги допираат плодовите во продавниците за да ја проверат нивната зрелост.
Поради тоа, компанијата во текот на октомври ќе го обележи овошјето и зеленчукот во своите продавници со знакот „Прегледај го своето“, за да ја истакне важноста на самопрегледот.
За дополнителна поддршка и едукација, волонтерите од „Еуропа дона“ од 1 октомври во продавниците на „Интершпар“, во Љубљана, Марибор и Крањ, ќе ја демонстрираат правилната постапка на самопреглед на дојките.
Општествената одговорност е во самата днк на „Шпар“, а поддршката на ваквиот проект е доказ за тоа. Нашата главна мисија е да ги снабдуваме луѓето со храна и со основните животни намирници, обезбедувајќи храната да биде безбедна и квалитетна, што е клучно за одржување на здравјето. Со оваа промоција сакаме на да им пренесеме на купувачите порака за тоа дека здравствената заштита е многу важна и на тој начин да ја поддржиме иницијативата на здружението „Еуропа дона“, изјави Лидија Ракуша, директорка на маркетинг во „Шпар“ – Словенија.
Извор: InStore. rs
Фото: Принтскрин
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.