Регион

Србија: „Апатинска пивара“ донираше 20.алкометри

17 Sep 2024

Како дел од кампањата „Кога пијам не возам“,  „Апатинска пивара“, донираше 20. најнови модели на алкометри на Управата за сообраќајната полиција. Со тоа беше одбележан и Меѓународниот ден на одговорно конзумирање на пиво, а главна цел на компанијата е промоција на одговорното однесување во сообраќајот.

Компанијата, како дел од оваа програма, на Управата за сообраќајна полиција досега ѝ донирала речиси 200 алкометри.

Претставниците од министерството за внатрешни работи изразија благодарност до компанијата, која од самиот почеток со своите донации директно придонела во ефикасната работа на сообраќајната полиција, со што не само што покажала општествена одговорност туку и голема посветеност кон заедничата цел, а тоа е унапредување на безбедноста во сообраќајот.

Нашата кампања „Кога пијам не возам“ оваа година одбележа 18 години од постоењето, колку што трае и нашата соработка со Управата за сообраќајна полиција. Ова за нас е важна годишница и мило ни е што во оваа прилика дониравме 20 најсовремени алкометри. Секојдневно сме посветени на иницијативата за одговорно конзумирање на алкохол и се надевам дека на овој начин со заеднички сили ќе придонесеме за поголема безбедност во сообраќајот, изјави Игор Вуксановиќ, генерален директор на „Апатинска пивара“.

Покрај овие донации за Министерството за внатрешни работи, „Апатинска пивара“ преку различни акции учествува во подигнувањето на свеста за потрошувачите и сите учесници во сообраќајот за одговорно конзумирање на алкохол. Во текот на летото оваа кампања беше дел од неколку манифестации како што се: „Белградски фестивал на пивото“, „Денот на пивото“ во Зрењанин, „Дринска регата“.

Извор: Instore.rs

Фото: „Апатинска пивара“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...