Хрватската компанија „Мплус“, која го промени името во „Боскуар“ доби одобрување од словенската Агенција за заштита на пазарот, за преземање на групацијата „Панвита“.
За мнозинскиот удел на компанијата од 51 отсто се добиени 50 милиони евра, соопштија од компанијата, а започната е и процедурата за докапитализација со која групацијата „Панвита“ планира да го забрза своето проширување на пазарите во Југоисточна Европа.
Хрватската групација ја идентификувавме како најдобар стратешки партнер за развој и позиционирање на „Панвита“, а новата групација како водечка прехранбена компанија во регионот. Преку стратешки аквизиции и консолидации во секторот во регионот, како надградба на повеќедецениската експертиза на тимот на „Панвита“, во партнерството ќе обезбедиме дополнителен капитал и знаења неопходни за раст и реализација на нашите планови, изјави Петер Поланич, претседател на управниот одбор на „Панвита.“
„Мплус“ покажа дека е лидер со супериорна експертиза кој знае да препознае можности за превземања и стратешки раст. Овој пристап го применуваме во секторите каде што гледаме простор за консолидација. Инвестирањето во „Панвита“ за „Мплус“ претставува влез во нов деловен сегмент. Преку нашите постоечки операции, веќе работиме на оптимизација на процесите и развој на продажба со некои од водечките светски компании во прехранбената индустрија по истиот принцип, изјави Дарко Хорват, претседател на управниот одбор на „Мплус.“
„Мплус“ очекува дека после аквизицијата и инвестициите во „Панвита“ да остварува годишно околу 500 милиони.
Извор: InStore
Фото: Групација „Панвита“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.