Компанијата „Универекспорт“ го отвори јубилејниот 200.малопродажен објект, кој се наоѓа на улицата Војвода Мишиќ бр. 78 во Параќин, кој воедно е и прв продажен објект во овој град кој се наоѓа во Поморавскиот округ.
Продажниот објект се протега на површина од околу 900 квадратни метри, во него се нуди асортиман од околу 9.000 артикли меѓу кои се истакнува брендот Bačka, како и приватните трговски марки Baš Baš, Daj Daj и Naše najbolje. Во продажниот објект се вработени 18 лица.
По повод отворањето на продажниот објект, за потрошувачите биле подготвени посебни погодности, подарок пакети и торби, како и промоции и дегустации на деликатесите од брендот Bačka, а до 3 јули за сите купувања на деликатесите од овој бренд во вредност од над 499 динари потрошувачите ќе добијат на подарок садови Bačka.
Покрај тоа, на денот на отворањето секое педесето купување било бесплатно.
Извор: InStore.rs
Фото: „Универекспорт“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.