Регион

БиХ: „Моделез“ и „Нелт“ го одбележаа Светскиот ден на пчелата

21 May 2024

 На две локации во Босна и Херцеговина вчера, на Светскиот ден на пчелата се засадуваа, медоносни дрвја од липа, костен, дива цреша, унгарски багрем и садници од лаванда, како дел од акцијата „Спас за пчелите, благосостојба за сите нас“.

 Со оваа акција Босна и Херцеговина ќе стане побогата за нови медоносни градини, со 10.000 садници, кои ќе придонесат за зачувување на биолошката разновидност и на пчелите од  кои зависи нашата исхрана.

 Како што пишувавме претходно, проектот „Спас за пчелите, благосостојба за сите нас“ го започнаа компаниите „Монделез интернешнл“ и  „Нелт група“ во соработка со Федерацијата на пчелари на Босна и Херцеговина и Здружението на пчелари на Република Српска. Во организација на Здружението на пчелари на  БиХ вчера во паркот на Сојузниот земјоделски институт на Илиџа беа засадени првите садници од медоносни растенија, додека Здружението на пчелари на РС го одржа својот централен настан во паркот пред хотелот Вишеград.

Оваа иницијатива започна во април, а потрошувачите во БиХ  придонесоа кон оваа иницијатива со купување на производите Milka.

Во локалните заедници каде што работиме, се стремиме да бидеме иницијатори на позитивни промени во оние области кои на општеството им се најпотребни. Животната средина е една од тие области, а освен нашиот проект за одржливо одгледување на пченица, кој го спроведуваме на европско ниво и кој исто така е насочен кон зачувување и заштита на биолошката разновидност, проектот „Спас за пчелите, благосостојба за сите нас “ е најдобар пример за нашата посветеност да придонесеме за заштита на животната средина, истакна менаџерот за продажба во „Монделез Интернешнл“, Марко Прелиќ

 На вчерашниот настан беше организирана е едукативна работилна за членовите на Здруженијата, која ја водеше проф. д-р Незир Тановиќ.

 Со втората акција што ја спроведуваме, во соработка со нашиот принципал „Монделез интернешнк“ на ниво на „Нелт група“, овој пат во Босна и Херцеговина, уште еднаш ја потврдивме нашата стратешка определба - дека сме значајна поддршка за заедницата во која работиме и доверлив партнер на нашите соработници. Со овие иницијативи ја подобруваме животната средина и ги зајакнуваме локалните капацитети за одржлив развој.Останувајќи доследни на нашите вредности, продолжуваме да ја демонстрираме нашата посветеност на општествената одговорност и одржливиот развој преку секој аспект од нашето работење, рече Мирсад Бекташевиќ, менаџер за продажба на „Нелт“ за пазарот во БиХ.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Нелт“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...