Регион

Хрватска: „Томи“ е заинтересиран за купување на „Бродокомерц Нова“

17 May 2024

 Како што пренесува „Нови лист“, повикувајќи се на неофицијални извори, трговскиот синџир „Томи“ е заинтересиран за преземање на „Бродокомерц Нова“.

 Дека понудата за купување е на маса, потврдиле и одредени акционери на „Бродокомерц Нова“, кои веќе потпишале договори за продажба на своите акции, меѓутоа управата на компанијата сѐ уште не ги коментира можностите за преземање на оваа ријечка компанија.

Според неофицијалните информации, „Томи“ за секој удел понудил 17.500 евра, а условот за реализација на трансакциите бил договорите за продажба на уделите да бидат потпишани од доволен процент и број на акционери.

Трансакциите треба да бидат одобрени од Агенцијата за заштита на пазарната конкуренција, после што во јули парите треба да бидат депонирани на сметките на акционерите.

 Долгот кон добавувачите на „Бродокомерц Нова“, иако е незначително намален во однос на минатата година, изнесува 3,67 милиони евра и тоа понатаму е најголемата ставка на краткорочни обврски на оваа компанија.

Приходот на оваа компанија минатата година бил помал за два милиони евра во однос на една година претходно и  изнесувал 18,6 милиони евра, а загубата била речиси 1,2 милиони евра.

Извор: tocka na i

Фото: „Бродокомерц Нова“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...