На улицата „Петар Прлја“ во Подгорица е отворен нов супермаркет на „Воли“
Објектот е на површина од 700 квадратни метри, нуди над 5.000 артикли, меѓу кои се издвојува асортиманот на приватната трговска марка на компанијата IzVOLITE.
Супермаркетот поседува и пекарница, деликатеси, како и посебно одделние за свежо овошје и зеленчук.
Маркетот дише во посебна атмосфера. Бевме инспирирани од духот на старата Подгорица и автентичноста на Стар варош, па така објектот го опремивме со архивски фотографии од старата Подгорица, сакајќи со тоа да оддадеме почит на традицијата која ја чуваме и која сите не поврзува, изјави Оливера Лакониќ, директорка на маркетинг во компанијата „Воли“.
На денот на отворањето за потрошувачите им бил даден попуст од 10% на целата сметка.
Извор: Bankar.me
Фото: „Воли“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.