Регион

Србија: „Гомекс“ отвори маркет во Батајница

05 Feb 2024

Малопродажниот синџир „Гомекс“ отворил нов  малопродажен објект во Батајница, на улицата  „Мајор Зоран Радосављевиќ, 211“.

Маркетот е со површина од 316 метри квадратни, со простран паркинг за возила. Овој маркет е опремен по најсовремени стандарди и во неговата понуда има над 5.000 артикли.

 Од компанијата соопштуваат дека купувачите во новиот маркет можат да очекуваат богат асортиман и квалитетна услуга за која ќе бидат задолжени десет нововработени лица.  Потрошувачите можат да уживаат во разновидниот избор на свежо овошје и зеленчук, но и во пецивата и лебот од сопствената пекарница која се наоѓа во склоп на маркетот.

Континуираното ширење на малопродажната мрежа е показател дека „Гомекс“ непрекинува да инвестира во растот и развојот на малопродажнио синџир, со цел да обезбеди врвна понуда и услуга, соопштуваат од компанијата.

Извор: InStore.rs

Фото: „Гомекс“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...