Регион

Србија: „Гомекс“ отвори маркет во Белград и реновира маркет во Зрењанин

06 Nov 2023

Во петокот во Белград  беа отворени еден нов и еден реновиран маркет на „Гомекс“.

Граѓаните на Белград добија уште една продавница и тоа на улицата „Војвода Степа“ 344, додека жителите на на населбата Колонија во Зрењанин повторно ќе можат да купуваат на старата адеса, но во потполно нов амбиент, соопштуваат од компанијата.

Новиот маркет  во Белград се протега на површина од 364 квадратни метри, од кои 225 квадратми метри се резервирани за продажен простор со понуда од над 4.300 артикли за секојдневна употреба, овошје, зеленчук, месо, деликатеси, свежи пецива како и многу други прехранбени и непрехранбени артикли. Исто така, во објектот има и пекара, каде што на купувачите во секој момент ќе им бидат достапни свежо печени пецива и леб. Во објектот се вработени нови осум лица.

Што се однесува на реновираниот објект на адреса „9-ти мај“ б.б., кој се наоѓа во населбата Колонија во Зрењанин, најголем новитет е пекарата која од сега ќе функционира во склоп на самата продавница. Оваа новина на купувачите ќе им овозможи во секој момент да им биде достапен свежо печен леб и пецива, а проширен е и асортиманот со повеќе од 4.500 артикли.

На денот на отворањето, во двата маркети беа обезбедени попусти од 10% ( на вкупната сметка) како и пригодни подароци за првите купувачи.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...