„Загребачка пивовара“, најголемиот хрватски производител на пиво, е фокусиран на своите вложувања во нова технологија и логистички капацитети и тоа со зголемување на енергетската ефикасност, соопштија од компанијата.
Пиварницата за една година имаше две големи инвестиции: финализација на вложувањето речиси 2,6 милиони евра во логистички, дистрибутивен и комерцијален центар во Запрешиќ и 8,5 милиони евра вредната инвестиција во технолошки напредната линија за полнење и пакирање лименки, што целосно ја задоволува постојаната побарувачка за пиво во лименка, се зголеми одржливоста на компанијата, конкутрентноста на домашното производство и на потрошувачите им понуди нови формати и мултипакувања од лименки.
Овие инвестиции се доказ дека „Загребачка пивовара“ континуирано вложува во проекти кои имаат влијание на зголемување на енергетската ефикасност во производството, што се гледа преку намалена потрошувачка на вода, на електрична и на топлинска енергија, соопштија од пиварницата.
Водата и енергијата се два најважни ресурси во производството на пиво за кои континуирано наоѓаме начини да ја намалиме нивната употреба. Во следниот период ќе посветиме поголемо влијание на темите за животната средина, особено на зголемување на уделот на енергија од обновливи извори и намалување на емисиите на CO2, изјави Алина Ружиќ, директорка за правни и корпоративни работи во „Загребачка пивовара“.
Извор: poslovni.hr
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.