Регион

Словенија: „Воли“ и „Реве“ заинтересирани да го купат „Туш“

28 Feb 2023

Малопродажниот синџир „Туш“, четврти по големина во Словенија, повторно е на продажба.

Финансискиот фонд „Алфи“, во чија сопственост е фирмата „Енгротуш“, од крајот на минатата година го проверува интересот на потенцијалните понудувачи за купување. Според информациите на медиумите, неколку потенцијални купувачи покажале интерес за единствениот преостанат малопродажен синџир во словенечки раце во последните недели.

За „Туш“ е заинтересиран црногорскиот малопродажен синџир „Воли“, кој зазема 30 отсто од малопродажниот пазар во Црна Гора.

Друга заинтересирана компанија е „Реве“, која поседува неколку малопродажни и дисконтни синџири во Германија, Австрија, Литванија и други земји. Годишно генерира околу 60 милијарди евра обрт.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...