Регион

„Неопланта“ потпиша договор со РАС: планирани инвестиции од 7,7 милиони евра

06 Oct 2022

Компанијата „Неопланта“ потпиша значаен договор со Агенцијата за развој на Србија (Развојна агенција Србије - РАС), а износот на планираните инвестиции е 7,7 милиони евра.

Инвестициите најмногу ќе бидат насочени кон подобрување на енергетската ефикасност и автоматизирање на делови од производството.

Благодарение на долгогодишните инвестиции во еколошки и други значајни проекти, „Неопланта“ е препознаена како компанија која работи според највисоките европски стандарди, а во август и беше доделена интегрирана дозвола за спречување и контрола на загадувањето на животната средина (IPPC дозвола).

Договорот со РАС е потврда дека оваа компанија од Нови Сад има долгорочни планови за подобрување на бизнисот, се додава во соопштението.

Сметаме дека инвестициите се неопходни за здраво функционирање на секој систем, поради што индиректно преку инвестиции постојано враќаме дел од профитот кон природата, потрошувачите и вработените. Се стремиме континуирано да инвестираме во подигање на квалитетот на нашите производи затоа што нашите потрошувачи тоа го заслужуваат, потоа во подигнување на квалитетот на условите за работа на нашите вработени преку автоматизација на производните процеси, а има и инвестиции насочени кон зачувување на природата, вели Ацо Томашевиќ, директор на компанијата „Неопланта“.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...