Регион

„Меркатор груп“ забележа пораст на приходите и во 2021 година

07 Sep 2022

Во 2021 година, „Меркатор груп“ оствари приход од 2,2 милијарди евра, што е зголемување од 1,6% во споредба со 2020 година.

Во 2021 година компанијата забележа нормализирана ЕБИТДА од 174,2 милиони евра, што укажува на пораст од 7,9% во споредба со лани. Овие резултати, како и низа други активности, влијаеја на тоа што односот на нето-долгот кон нормализираната ЕБИТДА сега е 4,8, што значи дека по долги серии деловни години, овој сооднос падна на ниво под 5.

Посебно е значаен податокот дека „Меркатор груп“ бележи пораст на приходите на сите пазари каде што работи, па така вкупните приходи во Србија се зголемени за 1,8%, во Црна Гора за 11,3%, и во Босна и Херцеговина за 1,1%.

Стратешкиот фокус на Меркатор е на долгорочна соработка со локалните доставувачи што ќе биде основа на развојот на целиот синџир на производство и преработка на храна во иднина. Последново дополнително го потврди енергетската и суровинската криза со која се соочуваме и која ќе продолжи да го обележува целиот синџир на вредност, од нива до полица, нагласи Томислав Чизмиќ, претседател на Управниот одбор на „Меркатор“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...