Регион

Србија забрани извоз на млеко, освен за Македонија и Албанија

06 сеп 2022

Со цел да овозможи редовно снабдување со млеко на населението и да се спречи одливот на суровини надвор од границите на земјата, владата на Србија на денешната седница донесе одлука за забрана за извоз на млеко, освен за Македонија и Албанија.

Владата усвои измена на регулативата за ограничување на цената на основните прехранбени производи, која ќе важи до 30 септември. Со измената, цената на трајното млеко со 2,8 отсто млечна маст во пакување од еден литар се ограничува на 128,99 динари.

Освен ограничувањето на цената на UHT-млекото, ограничени се и трговските маржи за да се спречат шпекулативни активности на пазарот, пренесе РТС.

Владата на Србија продолжува со целосна будност да ја следи состојбата, при што ќе обезбеди доволни количества млеко за потребите на граѓаните, се наведува во соопштението.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...