Регион

„Лореал“ објави повик за стипендии за „За жени во науката“

25 Feb 2022

На Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, „Лореал“ заедно со Министерството за образование, наука и технолошки развој на Србија и Националната комисија за УНЕСКО, ги поканува младите научници да аплицираат за национални стипендии во рамките на светски познатата програма „Лореал“ - УНЕСКО за жени во науката.

Конкурсот за 2022 година е во тек, пријавите се отворени до 15 април годинава, а е наменет за научници кои се занимаваат со научноистражувачка работа од областа на природните науки, имаат до 35 години и се запишале или завршиле докторски студии.

Во рамките на дванаесеттиот циклус на оваа програма во Србија, на најталентираните млади научници ќе им бидат доделени три стипендии, по пет илјади евра во динари.

Во Србија женските истражувачи сочинуваат околу 52% од истражувачката популација, што е далеку над европскиот просек, и факт што ги мотивира сите партнери во овој проект. Во текот на изминатите 11 години убедени сме дека програмата стана извор на мотивација, поддршка и инспирација за жените во науката, рече Вања Панајотова, генерален директор на „Лореал Адриа-Балкан“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...