Регион

„Дукат“ покрена проект за кружна економија

18 Jan 2022

Загребски „Дукат“ покрена вреден проект за кружна (циркуларна) економија со кој отпадната повеќеслојна картонска амбалажа (тетрапак) која настанува во произведствениот процес и повторно ја користи како суровина за производство на тоалетна и кујнска хартија и нивни држачи. Тие потоа се враќаат во „Дукат“ каде ги користат вработените, соопштија од компанијата. 

Од „Дукат“ велат дека овој проект е значителен чекор  кон остварување на визијата за кружна економија и одржливост на дело во сопствените процеси на производство. 

Сакаме да бидеме дел од одржливите решенија за нашата планета чии ресурси се загрозени и ограничени. Препознавме прилика да го унапредиме нашиот производствен процес во насока на одржливост што резултира со јасна и конкретна корист за околината. Низ овој проект,  околу 140 тони отпадна амбалажа повторно се користи како суровина во производство на хартиена галантерија, со што се намалува испуштањето на околу 114.000 килограми јаглероден диоксид во атмосферата и спречуваме сеча на повеќе од 1.800 стебла годишно, соопштија од компанијата. 

Еден од општественото одговорните проекти на „Дукат“ кој сега е во тек и воедно е најдолговечен, е креативниот ликовен натпревар „Сакам млеко!“ кој ќе резултура со садење на 10.000 садници стебла во 2022 година. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...