Компанијата „Имлек“ донираше 40 тони мазут за граѓаните на Заечар, неопходен за претстојната зимска сезона.
Градот Заечар и јавното комунално-станбено претпријатие „Заечар“ се соочуваат со недостаток на енергенси за потребите на редовното снабдување и пружање услуги за греење на домовите, но и на јавни установи како училиштата и болниците.
Долги години ја негуваме општествената одговорност кон заедницата, и ја поддржуваме кога за тоа ќе се укаже можност. Низ разговор со локалните претставници и градоначалникот сме упатено во тешкотиите околу греењето со кои се соочува Заечар, и одлучивме да дадеме свој придонес во најкраток можен рок. Ги повикуваме и останатите стопански субјекти да помогнат и да ги поддржат своите сограѓани, соопштија од „Имлек“.
Градот Заечар е голем корисник на далечинско греење, при што за институциите и училиштата се трошат 50 отсто од услугите за испорака на топлинска енергија, додека останатите 50 отсто се потрошувачка на домаќинствата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.