Црна Гора од 1 јули ќе воведе акциза на сладолед и производи од шеќер и какао, а во исто време значително ќе ги зголеми акцизите на цигари и алкохолни пијалаци.
Тоа е утврдено со Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за акцизи, а со кој црногорската влада ќе се обиде да „ги намали негативните ефекети кои цигарите, алкохолот и производите со додаден шеќер ги имаат врз здравјето на граѓаните“.
Притоа, акцизите на газираните пијалаци ќе се зголемат од 25 евра на 35 евра по хектолитар. За производи од шеќер, какао и сладолед ќе се плаќа акциза од 0,6 евра по килограм производ. Акцизата за пиво ќе се зголеми од 5 евра на 7 евра по содржина на алкохол во хектолитар, а на пенливите вина ќе изнесува 40 евра наместо досегашните 35 евра за хектолитар.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.