Регион

Новa директорка на „Проктер & Гембл“ за Хрватска и Словенија

17 May 2021

„Проктер & Гембл“ ја назначи Николина Силов Коњевода за генерална директорка за пазарите во Хрватска и Словенија, објави компанијата.

Николина Силов Коњевода ја почна својата кариера во „Проктер & Гембл“ пред 15 години, при што напредуваше од шеф на локални тимови за продажба и шеф на категорија производи за нега на облека, во директор во категоријата производи за лична хигиена за пазарите во Европа, Средна Исток и Африка.

Прецизноста и одговорноста во бизнисот и големото искуство во водечките тимови ја доведоа до позиција на комерцијален директор за пазарите на Унгарија, Словенија и Хрватска пред три години. Во новата улога на директор на „Проктер & Гембл“ за Хрватска и Словенија, Николина Силов Коњевода ќе биде задолжена за понатамошен развој на овие два пазари, но и за воведување на бројни новини наведени во програмата наречена „Амбиција 2030“.

Постојат три главни области на кои ќе се фокусираме во предизвикниот период што претстои: иновации кои ќе го олеснат нашето секојдневие, и хигиената и здравствената заштита кои ќе станат подостапни во време на пандемијата, рече Николина Силов Коњевода.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...