Регион

Изрежани постери - сензација во Љубљана

28 Apr 2021

Од едноставна идеја до технички умешно имплементирани, „изрежаните“ постери на „Меркатор“ не поминаа незабележани во Љубљана.

„Меркатор“, во соработка со агенцијата „Херман & партнерс“, објави интересни постери за промоција на деликатесните производи, кои се „деликатни“ и изрежани. Во Љубљана на билбордите може да се видат перфорирано сирење, мортадела со маслинки и кршка пршута.

Давид Фартек, уметнички директор на „Херман & партнерс“, вели дека и текстописецот Рок Артичек е многу заслужен за ова креативно решение: Веднаш штом ми ја претстави идејата користејќи два листа хартија, чувствував дека ова ќе стане врвна визуелна сензација. Не поради совршенството, што исто така е клучно во вакви проекти, туку поради едноставноста и моментот кога ќе си кажеме: Ех, како не се сетив на ова порано.

Иако идејата е многу едноставна, според креаторите, таа технички е многу сложена да се реализира.

Андреја Задник Андољшек, директорка за маркетинг-комуникации во „Меркатор“, истакнува дека ова е сеопфатна комуникациска кампања, која го потенцира клучниот сегмент на деликатесите, а тоа е дека се свежи и според вкусот на купувачот. За време на подготовката на елементите за комуникација, беа создадени голем број креативни решенија, а билбордите ни овозможија да ја покажеме суштината на нашата услуга на ефикасен начин, вели таа.

Според Андољшек, токму деликатесите на „Меркатор“ се неговата важна конкурентска предност.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...