Регион

Матео Коланѓели e новиот директор на ЕБОР за Западен Балкан

08 Apr 2021

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го назначи Матео Коланѓели за нов директор за регионот на Западен Балкан и директор на канцеларијата во Србија. Како регионален директор, тој ќе биде одговорен за операциите на ЕБОР во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Седиштето на канцеларијата е во Белград.

Минатата година, ЕБОР инвестираше 1,3 милијарди евра во Западен Балкан. Приоритетите на банката во регионот се зајакнување на приватниот сектор, промовирање на транзицијата кон зелена економија, како и зајакнување на транспортните врски во регионот со соседните европски земји.

Коланѓели, кој во моментов е на чело на канцеларијата на ЕБОР во Албанија, рече: Јас сум многу горд што ја презедов оваа функција и решен сум да продолжам да го зајакнувам нашиот бизнис во регионот. Ќе бидеме фокусирани на економското закрепнување по пандемијата и заедно со нашите партнери ќе работиме на градење на позелени, поинклузивни и дигитализирани економии на Западен Балкан.

Коланџели, кој по националност е Италијанец, ја почна својата кариера во ЕБОР во седиштето во Лондон во 2005 година како банкар. Потоа работел како регионален банкар во Украина и Бугарија, со посебен ангажман во областа на енергетиката, а потоа бил назначен за директор на канцеларијата во Албанија во 2016 година. Магистрирал на Лондонската школа за економија и политички науки.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...