Македонија

„Виталиа“ донираше таблети на учениците во Гази Баба

07 Oct 2020

„Виталиа“ се придружи на иницијатавата на општина Гази Баба и донираше таблети за учениците од основните училишта, со цел непречена онлајн настава.

Инвестирањето во едукацијата на младите  и поддршка на образовниот процес е мисија на која „Виталиа“ е посветена од почетокот на своето постоење. Младите се двигатели на општествените промени и обезбедување на квалитетно образование и ресурси за идните генерации е главен приоритет. Се надеваме дека со овој чекор, ќе им се олесни наставата на учениците и ќе им се овозможи добар старт на учебната година, а истовремено ќе биде мотивација за сите оние што имаат можност, да инвестираат и обезбедат ресурси за непречена едукативна програма, соопштија од „Виталиа“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...