Македонија

„Пекабеско“ донираше 7 тони храна

31 јул 2020

„Пекабеско“ донираше 7 тони храна и со тоа се приклучи на големиот број општествено одговорни компании, организации и хумани граѓани кои пружаат несебична поддршка на нашите сограѓани кои најмногу се погодени од кризата предизвикана од коронавирусот.

Имено, во текот на месеците јуни и јули, во соработка со Црвениот Крст, беа донирани пакети со храна за 650 социјално загрозени семејства. Дел од донираните производи, исто така, се користат и за потребите за бездомните лица.

Oд Црвениот Крст на Град Скопје истакнуваат дека во овој период е од исклучителна важност поддршката токму во пакети со прехранбени производи, бидејќи во време на криза, лицата во ризик се уште позагрозени и без никаков извор на егзистенција.

Со цел континуирана поддршка, во текот на месец мај 2020 година, „Пекабеско“ ја продолжи и годишната соработка за поддршка на Пунктот за бездомници на Црвениот Крст на Град Скопје. Со потпишаниот меморандум за разбирање, „Пекабеско“ секој месец продолжува да донира производи за потребите на Пунктот, односно храна за 70 лица.Кон крајот на месец април 2020 година,  „Пекабеско“ се приклучи на проектот „Волонтираме за солидарно општество“. Оваа хуманитарна акција беше организирана со цел собирање прехранбени продукти и хигиенски производи за поддршка на граѓаните од најранливите категории кои се погодени од коронакризата.

Дополнително, од самиот почеток на коронакризата, „Пекабеско“ ги зајакна превентивните мерки. Со цел да се избегне групирање и користењето на јавен превоз, компанијата на своите вработени им обезбеди и дополнителен финансиски надомест со цел користење на возило до и од работното место.

Цените на производите на „Пекабеско“ во текот на целиот овој период останаа непроменети



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Два нови „Дим маркети“ во Скопје

30 јул 2020

Нов „Рептил“ во Центар

30 јул 2020

Стопанската комора бара извршен директор - се пријавија 35 кандидати

30 јул 2020

Раст на буџетските приходи за првпат од почетокот на кризата

30 јул 2020

Отворен е првиот „Кипер“ во Охрид

30 јул 2020

Објавена листата со фирми кои добија државна помош, а не исплатија плати

30 јул 2020
Вчитува уште новости...