Македонија

Грант од по 4.000 евра за пет бизнис идеи на млади

29 јул 2020

Основачите на најдобрите бизнис идеи кои учествуваа во онлајн акцелераторската програма за почнување бизнис организирана од Претприемничкиот сервис за млади (ПСМ) Фондација, добија финансиски средства со вкупен фонд од 20.000 евра, односно пет грантови по 4.000 евра.

Петте најиновативни идеи кои беа избрани и добија поддршка за почнување на сопствените бизниси се:

-„Беровко Дооел“, основач Душица Крстеска – Производство на домашни џемови, сирупи и безглутенски тестенини

-„Анти стрес соба“, основач Горан Бошковски – Специјализирана просторија за ослободување од стрес и задоволување на адреналински потреби

-„19 Мотор М“, основач Мартин Спасовски – Развој и производство на електричен мотор

„Камера Обскура“, основач Нена Минчев – Центар за медиуми и забава- креативен простор за соработка, продукција, изложби и аудио-визуелни проекции

-„Маткасе Дооел“, основач Васја Петковска – Услуга за испорака на комплети со рецепти за јадење (meal kits).

Акцелераторската програма траеше од април до јуни 2020 година, а имаше за цел да овозможи поддршка на млади лица од 18 до 35 години кои имаат идеја за почнување сопствен бизнис.

За учество во програмата аплицираа вкупно 250 лица од целата земја.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Два нови „Дим маркети“ во Скопје

31 јул 2020

Нов „Рептил“ во Центар

31 јул 2020

Стопанската комора бара извршен директор - се пријавија 35 кандидати

31 јул 2020

Раст на буџетските приходи за првпат од почетокот на кризата

31 јул 2020

Отворен е првиот „Кипер“ во Охрид

31 јул 2020

„Пекабеско“ донираше 7 тони храна

31 јул 2020
Вчитува уште новости...