Македонија

Протокол за организација на работни состаноци, обуки, курсеви и семинари

14 May 2020

Владата го објави Протоколот за организација на работни состаноци, обуки, курсеви и семинари, кој произлегува од Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот.

  1. Времетраењето се ограничува на најмногу 6 часа, со задолжителна пауза на секои 2 часа.
  2. Пред почеток на средбата, учесниците задолжително да се известат дека доколку имаат респираторни симптоми (температура, кашлица, отежнато дишење) им се препорачува да не присуствуваат.
  3. Се ограничува бројот на учесници во согласност со просторот, со цел да се обезбеди задолжително физичко растојание на учесниците од 1,5 до 2 м, но не повеќе од 30 луѓе.
  4. Организаторите, предавачите и учесниците задолжително да носат заштитни маски.
  5. Во просторијата задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете.
  6. Да се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол).
  7. Просторијата почесто да се проветрува, по можност за време на часовите и задолжително во текот на паузите.
  8. За време на паузите се забранува групирање на присутните.
  9. По завршување на настанот, просторијата да се исчисти и да се дезинфицира подот со средство што дејствува на вируси, според упатство од производителот. Алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство што се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција за горни површини.
  10. Во просторијата да се обезбеди корпа за отпадоци со капак.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...