Македонија

„Maкпетрол“ донира за Kлиниката за хируршки болести

05 May 2020

Компанијата „Макпетрол“ донира автоматска лизгачка врата на ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, за поголема заштита од пренесување на корона вирусот на пациентите и на вработените.

Пред неколку дена се промени изгледот на влезниот портал на клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, со поставување на две паралелни сензорски врати со изолаторен дел меѓу нив. Во тој дел, а во дадениот момент на кризата со корона вирусот ќе се врши соодветна подготовка за преглед и прием на пациенти, со мерење на температура и правење епидемиолошка анкета, изјави Љубен Асенков, в.д. директор на Kлиниката.

Во изминатиот период „Макпетрол“ реализира низа активности за помош на здравствениот сектор и полесно справување со пандемијата од Ковид-19, донирајќи соодветна медицинска опрема во износ од 3.200.000 денари. Претходно компанијата го остави на располагање и хотелот во Маврово, како државен карантин за граѓаните што се вратија од странство.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...