Македонија

Пораст на продажните цени на индустриските производи на месечно ниво

30 Apr 2020

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во март се повисоки за 0,1 процент на месечно ниво и пониски за 0,1 процент на годишно ниво.

Во споредба со февруари, зголемување на цените се забележува во групите трајни производи за широка потрошувачка и нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,4 проценти, како и во групата интермедијарни производи за 0,2 проценти.

Во споредба со март минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите енергија за 2,7 проценти и интермедијарни производи, освен енергија за 0,9 проценти.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...