Македонија

АЕТМ: Македонците потрошиле 169,2 милиони евра онлајн

06 Apr 2020

Народна банка ги објави статистичките податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба за минатата година.

Според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, а во согласност со податоците за реализирани трансакции во текот на 2019 година, објавени на веб-страницата на Народна банка, е-трговијата во земјава е во пораст. Анализираните податоци се дадени според бројот и вредноста на реализирани онлајн-нарачки и купувања во текот на минатата година. Во текот на 2019 година реализирани се вкупно 6.727.051 онлајн трансакции во земјата и странство, наспроти 5.435.385 онлајн трансакции во текот на 2018 година што претставува пораст од 23,8%. Од аспект на вредноста на трансакциите, исто така се забележува пораст. Во 2019 година вредноста на трансакциите реализирани на виртуелните места на продажба изнесува 176 милиони евра, што во споредба во 2018 година кога се реализирале 139 милиони евра претставува пораст за 26,6%.

Македонците во текот на 2019 година стекнуваат сè повеќе доверба кон е-трговијата и онлајн-нарачките, што може да се забележи од порастот на бројот и вредноста на трансакциите со домашни картички онлајн, кон домашни и странски онлајн-трговци. Во 2019 година Македонците потрошиле вкупно 169,2 милиони евра онлајн, што претставува пораст од 35,5 милиони евра (26,5%) во споредба со една година претходно.

Според податоците се забележува зголемување на бројот на нови онлајн-продавници во Македонија, а расте и довербата на граѓаните кон домашните е-трговци. Тоа може да се види од процентот на реализирани онлајн-трансакции кон онлајн-продавници во Македонија.  

Во Македонија заклучно со 31.12.2019 година активни се 1.020 витруелни ПОС уреди. Станува збор за активно регистрирани витруелни продажни места кои се пријавени од страна на петте банки кои во моментов нудат е-трговија како дел од своето портфолио на услуги.

За период од една година, односно во текот на 2019 година отворени се нови бројот 149 е-продавници.

Извор: Асоцијација за е-трговија на Македонија



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...